Книга, која ја напиша поранешен висок дипломат од Северна Кореја, открива дека Пјонгјанг го уценувал Израел, со закана дека ќе му продадат нуклеарна технологија на Иран.
Имено, како што тврди Тае Јонг Хо, кој побегна во Јужна Кореја во 2016 година, Северна Кореја барала од Израел да им исплати милијарда долари, за тие да не му ја продадат на Иран својата технологија за развој на балистички ракети, пренесува „Wall Street Journal“.
Оваа „непристојна“ понуда ставена е на маса во 1999 година, во едно кафуле во Стокхолм, кога се сретнале тогашниот севернокорејски амбасадор Сон Мун Си и неговиот израелски колега Гидеон Бен Ами.
Според книгата, Израел го одби договорот, но понудил да испрати помош во храна за Северна Кореја неколку дена подоцна.
„Wall Street journal“ пренесува дека не успеале да добијат потврда од двата амбасадори, кои наводно учествувале во изнесувањето на уцени, но пишуваат дека минатата седмица Бен Ами, изјавил за израелските медиуми, дека, за време на својот мандат, тој одржал неколку состаноци со севернокорејски дипломати, и тоа во периодот од 1999 до 2002 година.