Откриена Android апликација која ги снима корисниците, ако ја имате – избришете ја

Словачки експерти од безбедносната компанија ESET ги предупредија корисниците дека апликација за снимање на екранот, која инаку ги поминала сите безбедносни проверки на Google, стана една од оние што не ги сакате на вашиот уред по нејзиното ажурирање.

Апликација за снимање екран на Android уреди, наречена iRecorder Screen Recorder, се појави во Google Store како уште една во низата со оваа намена, но речиси една година откако беше објавена, стана една од оние кои се исклучително опасни за корисниците.

Првпат се појави во септември 2021 година, но по ажурирањето почна да снима по една минута аудио на секои 15 минути и да ги пренесува тие снимки преку шифрирана врска со серверот на девелоперот. Целиот инцидент беше документиран во блог пост од Лукас Стефанко, експерт во Essential Security against Evolving Threats (ESET).

Стефанко во објавата рече дека апликацијата била ажурирана во август 2022 година за да вклучи злонамерен код „заснован на тројанецот со отворен код AhMyth Android RAT (тројанец за далечински пристап)“.

URL

Апликацијата имаше дури 50.000 преземања до моментот на известувањето и беше отстранета од Play Store. Стефанко додаде дека апликациите со вграден AhMyth претходно ги поминале филтрите на Google.

Оние кои се обидуваат на некој начин да ве измамат, да ви ги украдат личните податоци слично, не се нови ниту во продавниците на Apple ниту на Google, а снимањето може да биде особено опасно - понекогаш имаат предаторски цени на претплати и голем број лажни критики за да се зголеми нивната видливост на тие платформи.

Во блог постот, Стефанко укажува на проблемот со таквите совршено легитимни апликации кои, откако ќе ги користите некое време, користејќи ги дозволите што им ги дадовте претходно, се надградуваат за да станат малициозни, баш како iRecorder Screen Recorder.

Google вели дека работи на ажурирања кои ќе ве известат преку месечни известувања кои апликации ги смениле практиките за споделување податоци и кога, под услов да го откријат, се разбира.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Скандинавскиот начин на спиење спасува бракови и врски: Нема повеќе кавги в кревет

Read more

Питагоровата теорема пронајдена на глинена плоча 1.000 години постара од Питагора

Read more

Голем љубовен хороскоп за октомври 2023

Read more

Софтвер

Android 14 доаѓа утре, што да очекуваме?

Read more

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Кога ќе излезе iOS 17 и кои телефони ќе го добијат?

Read more

Paint – легендата што одбива да умре

Read more
 

Гик

Батериите наскоро би можеле да траат 10% подолго

Читај повеќе

Нобеловата награда за хемија доделена за фундаментално откритие во нанотехнологијата

Читај повеќе

Боговите од Олимп и нивните римски пандани: Имале речиси исти улоги, но различни имиња

Читај повеќе

Android 14 доаѓа утре, што да очекуваме?

Читај повеќе

Нобеловата награда за физика ја добија тројца научници за нивната работа на електроните

Читај повеќе

Apple потклекна пред Кинезите

Читај повеќе

Питагоровата теорема пронајдена на глинена плоча 1.000 години постара од Питагора

Читај повеќе

Japan Airlines ја откри луксузната внатрешност на авионот Airbus A350-1000

Читај повеќе

Сателитот BlueWalker 3 е еден од најсветлите објекти на ноќното небо

Читај повеќе