Откриена египетска гробница што изгледа „како да е сликана вчера“

Архитектонските и уметничките вештини на древните Египќани го изненадуваат човештвото одново и одново.

Министерството за антиквитети на Египет неодамна соопшти дека е откриена добро сочувана гробница украсена со живописни релјефи и натписи што изгледаат „како да се сликани вчера“.

Министерот за антиквитети Халед ел-Енани рече дека археолошкото откритие датира од пред 4.000 години, иако боите на релјефите се толку живописни, како да биле сликани неодамна.

Детално насликаната гробница се смета дека е на Хуви, висок службеник во Петтата династија што владееле во 25 и 24 век пред н.е.

Министерот Ел-Енани на откривањето на гробницата однесе 52 странски амбасадори, културни аташеа и египетската актерка Јосра.

Гробницата е дел од огромниот некропол Сакара лоциран јужно од Каиро. Структурата е во специфична форма на латинската буква L, рече главниот археолог Мохамед Муџахид кој додава дека пред гробницата имало мал тунел, што е карактеристика само на прамидите.

Во живописните и одлично зачувани релјефи и цртежи се претставени членови на кралското семејство, поради што археолозите сметаат дека Хуви имал тесна врска со Џедкаре Исеси, фараонот во тој период чија пирамида се наоѓа во непосредна близина.

Претпоставката е дека или биле во крвно сродство или ваквата поставеност е резултат на реформите на фараонот во администрацијата и погребните ритуали.

Во гробницата е најдена и мумијата на Хуви. Ова откритие е едно од низата нови археолошки откритија во Египет.

Земјата се надева дека новите откритија ќе помогнат да се обнови репутацијата на Египет како туристичка атракција, што беше значително оштетена со политичките немири во земјата во 2011 година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе