Откриена најмоќната супернова досега

Астрономите ја најдоа најмоќната и најсјајната експлозија на ѕвезда откриена досега.

Таа е десет пати помоќна од нормална супернова и 500 пати посјајна, велат астрономите од Велика Британија и САД кои своите откритија ги објавија во извештај во реномираното научно списание Nature Astronomy.

Научниците од Универзитетот Бирмингем и Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан во САД го опишуваат откритието како „екстремно моќна супернова масивна ѕвезда“ и го нарекоа SN2016aps.

Освен по моќноста и сјајноста, суперновата е спектакуларна и поради други нејзини својства, вели Едо Бергер, коавтор на истражувањето.

Една супернова емитува само 1% од својата енергија во видливо светло, но SN2016aps емитува многу поголем дел од вообичаено.

Научниците проценуваат дека SN2016aps има енергија колку 200 квадрилиони гигатони ТНТ експлозив.

Експлозија како оваа би можело да ни помогнат да дознаеме повеќе за супермасивните ѕвезди кои најверојатно постоеле во најраните денови на вселената.

Според дефиницијата на НАСА, супернова е екстремно сјајна и моќна експлозија при умирање на масивна ѕвезда со маса најмалку пет пати поголема од таа на Сонцето.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе