Наука

Откриена најстарата ѕвезда во универзумот?

8. ноември 2018 - 11:35 | Б.С.Б.

Истражувачи од Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд открија ѕвезда за која веруваат дека е една од  најстарите ѕвезди во вселената. Според нивна процена, станува збор за ѕвезда стара 13.5 милијарди години, формирана од материјал создаден во Големата експлозија, пренесува Independent.

Годините на ѕвездата сугерираат дека и нашето Сонце би можело да биде најмалку 3 милијарди години постаро од тоа што досега се мислеше. Составот на новооткриената ѕвезда укажува на тоа дека можеби постои само една генерација создадена од Големата експлозија.

„Оваа ѕвезда е можеби една во 10 милиони“, вели Кевин Шлауфман, водач на истражувањето. „Тоа ни испраќа важна порака кога се во прашање првите генерации на ѕвезди“, вели тој.

Првите ѕвезди се формирани откако универзумот е создаден со Големата експлозија пред 13.8 милијарди години, а се создадени од хелиум, водород и мали количини на литиум. Овие ѕвезди потоа произвеле нови елементи потешки од хелиум во нивните јадра и експлодирале како супернови.

Следната генерација ѕвезди се создадени од облак на материјал обложен од тие метали, содржината на метали се зголемувала како што продолжувал циклусот на раѓање и смртта на ѕвездите.

Новооткриената ѕвезда е наречена 2MASS J18082002-5104378 B и има исклучително ниска содржина на метали, што укажува дека е формирана релативно брзо по Големата експлозија. Всушност, оваа ѕвезда содржи многу помалку метали отколку било која друга досега откриена.

Коментирај