Откриена најврелата планета досега
Тим астронаути откри двојно поголема планета од Јупитер оддалечена 650 светлосни години, поврела од повеќето ѕвезди. Именувана како Kelt-9b, планетата е толку близу до својата ѕвезда, што нејзината површина достигнува повеќе од 4.300 степени.
Планетата има скоро три пати поголема маса од Јупитер, но двојно помала густина. Орбитира околу ѕвездата наречена Kelt -9, која е двојно поголема и скоро двојно поврела од Сонцето.