Тим научници открија нова планета на која би можело да има услови за живот. Станува збор за карпестата планета LH 1140b, оддалечена 40 светлосни години од Земјата, односно 378.400 милијарди километри.
„Не можевме да пронајдеме подобро место во потрага за докази за постоење на живот надвор од Земјата“, вели Џејсон Дитман од Центарот за астрофизика во Кембриџ, САД.
Орбитата на планетата е на вистинска оддалеченост од орбитата на ѕвездата што би можело да значи дека на површината има вода во течна состојба. Планетата е 1,4 пати поголема од Земјата, а се проценува дека е стара околу 5 милијарди години.
Научниците се надеваат дека има атмосфера, а засега оваа планета е можеби најдобар кандидат за потрага по вонземен живот.