Откриена нова сексуална ориентација: Што ги привлекува симбиосексуалците?

Разликата е во тоа што интервјуираните учесници изјавиле дека ги привлекува енергијата и динамиката на парот, наместо самите поединци.

Љубовните триаголници одамна му се познати на светот, но научниците сега веруваат дека тие би можеле да бидат сосема нова форма на сексуална ориентација и привлечност.

Една нова студија на истражувачите од Универзитетот во Сиетл споменува „симбиосексуални поединци“ кои се привлечени од енергијата помеѓу веќе формираните парови. Студијата е објавена во списанието Archives of Sexual Behavior.

Сали Џонстон, доцент по антропологија и социологија која го спроведе истражувањето, првпат се сретна со овој феномен додека го истражуваше третманот на „еднорозите“ во полиаморните заедници.

Терминот „еднорог“ се користи за да се опише бисексуална жена која е подготвена да стапи во врска со хетеросексуална двојка. Џонстон открила дека тие често биле малтретирани, објективизирани и исфрлени, но забележала и интересен елемент во нивните односи.

„Како дел од полиаморната заедница, слушнав како луѓето отворено зборуваат дека ги привлекуваат етаблирани парови и сакав да дознаам повеќе“, изјави таа за PsyPost, како што пренесува британскиот таблоид.

Таа користела податоци од студијата „The Pleasure“, во која биле анкетирани 373 учесници за аспектите на нивниот сексуален и родов идентитет. 145 од нив изјавиле дека ги привлекуваат паровите и нивната заедничка врска.

Големината на примерокот на студијата беше мала и нерепрезентативна бидејќи беше наменета за дипломирани студенти, но Џонстон тврди дека нашла доследни докази за претходно непозната сексуалност во интервјуата со 34 учесници.

„Постои популација на луѓе кои доживуваат симбиосексуална привлечност кон енергијата, мултидимензионалноста и моќта што луѓето ја делат во врските“, вели таа.

Разликата е во тоа што интервјуираните учесници изјавија дека ги привлекува енергијата и динамиката помеѓу парот, а не самите поединци. Еден од нив, Хејден, рече дека го привлекуваат паровите поради нивната кохезивност.

„Ве храни нивната енергија, нивната привлечност еден кон друг. Постои интеракција помеѓу парот“, објасни Хајден.

Друга учесничка, Сејџ, рече дека сака да биде дел од врската, верувајќи дека тоа ќе биде неговата идеална динамика. Повеќето од нив изјавиле дека се екстроверти и дека сакаат многу интимност со помали шанси да доживеат љубомора.

Некои учесници изјавија дека повеќе ги привлекуваат „квир“ и нехетеросексуалните парови. Џонстон вели дека се потребни повеќе истражувања за да се потврди распространетоста на оваа сексуална ориентација кај пошироката јавност.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Од понеделник ново депо на Пајак службата на ПОЦ

Read more

Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Read more

Љубов и секс

Секс пози што помагаат во ублажување на менструалните тегоби

Read more

Намалената желба за секс го скратува животот

Read more

Како да препознаете дека си имате работа со емоционално незрел маж?

Read more

7 знаци дека е време да одите на брачно советување

Read more
 

Магазин

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Читај повеќе

Досадата им е неприфатлива: Хороскопски знаци со неисцрпна енергија

Читај повеќе

На еден начин ќе согорите 60% повеќе калории при пешачење

Читај повеќе

Начините на кои прекумерната грижа влијае на децата

Читај повеќе

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најбогати луѓе низ историјата

Читај повеќе

Доаѓа ретрограден Меркур: Хаос за сите, освен за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Секс пози што помагаат во ублажување на менструалните тегоби

Читај повеќе

Кои се можните причини за прекумерно потење кај жените над 40 години?

Читај повеќе