Откриена причината за смртоносниот корона вирус

Според научниците, можно е корона вирусот да потекнува од кинеска кобра, вид отровница продавана на пазарот во Вухан, пишува CNN.

Болеста за првпат е регистрирана кон крајот на декември 2019 година во Вухан, од каде рапидно се рашири во Кина, а потоа и во многу други земји, вклучително и САД.

Првите случаи на корона вирусот се забележени кај работници или клиенти на локален пазар каде, покрај живо месо, се продаваат и животни како птици, магариња, овци, свињи, камили, лисици, јазовци, стаорци, ежови и влекачи.

Научниците веруваат дека вирусот од животните на пазари преминал врз луѓето, а врз основа на таа теорија се споредуваат генетски примероци на корона вируси со сите познати корона вируси, користејќи протеински кодови и притоа откриле дека протеинот во најновиот вирус е најсличен на корона вирусот од кој страдаат змиите.

Змиите најчесто ловат лилјаци во дивината, а според извештаите, видови на тајванска или кинеска кобра биле продавани на пазарот во Вухан.

Со тоа се зголемува можноста вирусот да преминал од лилјаци на змии, а потоа и на луѓето.

Сепак, засега не е познато како може да се прими вирусот и кај топлокрвни и ладнокрвни животни.

Авторите на извештајот и другите истражувачи треба да го проверат потеклото на вирусот преку лабораториски експерименти, а неопходно е прво да се проучат деловите од вирусот кај змиите.

Тајванските змии од групата кобри се многу токсичен вид змија, карактеристични за централна и за јужна Кина.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе