АТП ВИМБЛДОН 2024

Откриена вистинската причина за лутата реакција на Ѓоковиќ на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потресе тенискиот свет обраќајќи ѝ се на публиката по победата во осминафиналето против Данецот Холгер Руне, а сега е откриено и зошто реагирал толку бурно.

Новинарот Нуно Маркес-Нури, позивајќи се на братот на Новак, Марко, напиша на Х:

„Лут е затоа што неговите деца се во публиката и не трпи непочитување пред нив. Мојот извор е директно Марко Ѓоковиќ“, напиша Нури на Х.

Додаде дека му е јасно зошто Јелена Ѓоковиќ во изминатите години не била присутна на некои финалиња на Грен слем турнирите, посочувајќи дека тоа е начин да се заштитат децата од третманот што често го добива Новак.

Да потсетиме, Ѓоковиќ по синоќешниот натпревар им се обрати на безобразните навивачи кои го провоцираа.

„За сите навивачи кои останаа, имам голема почит што се таму. На сите оние што избраа да не ја почитуваат играта и играчите, им посакувам доооооообра ноќ, дооооооооообра ноќ“, одговори Ѓоковиќ правејќи гримаси на лицето.

Новинарот на теренот се обиде да ги смири страстите, но Новак имаше јасен став.

„Беше непочитување, не го прифаќам тоа. На турнеја сум повеќе од 20 години, знам како функционира. Се фокусирам на оние што ги почитуваат играчите, го сакаат тенисот, ги ценат играчите. Играв во многу понепријателска атмосфера, но не можеш ни да ми се приближите“, рече бесниот Новак.

Ривал на Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон ќе му биде Австралиецот Алекс Де Минор (АТП 9), кој го совлада Артур Филис со 3:1 во сетови.

реклама

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more
Ашер ѝ плати 1 милион долари на бившата оти ја заразил со херпес

Ашер ѝ плати 1 милион долари на бившата оти ја заразил со херпес

Read more
Да опстанеше Југославија, просечната плата ќе беше 736 евра и ќе бевме дел од ЕУ

Да опстанеше Југославија, просечната плата ќе беше 736 евра и ќе бевме дел од ЕУ

Read more
Атанасов: Детектиран тигрест комарец, нема регистрирано случаи на инфекција

Атанасов: Детектиран тигрест комарец, нема регистрирано случаи на инфекција

Read more

Тенис

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Read more

Свитолина: Би војувала, но вака сум покорисна, собрав 1,5 милиони евра помош

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе