Откриена вистинската причина зошто Дончиќ ја тужи мајка си

Откако беше објавено дека најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ поднел тужба до Канцеларијата за патенти и заштитни знаци на САД (USPTO) во која бара да се откаже регистрацијата на брендот „Лука Дончиќ 7“ во сопственост на мајка му Мирјам Потербин, локалните медиуми открија интересна позадина на ваквиот потег.

Во текот на првата сезона за Маверикс (2018/19), Дончиќ на 19-годишна возраст ѝ дал согласност на мајка си за регистрација на неговото целосно име како заштитен знак, а во јули 2021 година писмено соопштил дека сака да се поништи оваа согласност.

Словенецот тогаш сакаше да го регистрира својот бренд како „Лука Дончиќ“, но USPTO одби да го стори тоа бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“, а мајка му не сакаше да го откаже.

Словенечкиот истражувачки портал necenzurirano.si открива дека Дончиќ не е во кавга со мајка си, туку дека спорот е започнат за да се исклучи од приказната нејзиното поранешно момче – бизнисменот Борис Пожег, познат како „Пикси“.

Наводно, Мирјам додека била во врска со Пожег му ги префрлила правата на брендот „Лука Дончиќ“ во Словенија. Пожег од лани во октомври има 40 проценти од правата на компанијата „Лука Дончиќ 77“ која работи во Европа, а Мирјам во меѓувреме раскинала со него.

По завршувањето на љубовната приказна, меѓу Потербин и Поже, започнаа семејните кавги и секогаш непријатната поделба на имотот.

Борис Пожег „Пикси“ е истакнат бизнисмен од Љубљана. Се занимава со продажба на недвижен имот и угостителство. Бил косопственик на познат хотел, а во меѓувреме се префрлил на индустријата за сладолед и продажба на недвижнини.

Во тужбата се наведува дека Дончиќ не се поврзува со брендот „Лука Дончиќ 7“, дека не одобрува ставање стоки и услуги под тоа име.

Во секој случај, патот на Дончиќ до конечното обновување на сопствениот бренд ќе биде долг. Постапката ќе трае најмалку до март 2024 година, а адвокатите Мирјам Потербин ќе треба да одговорат на барањето на адвокатите на Дончиќ до средината на следниот месец.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе