Откриени 32 мигранти кај Радовиш

Нова тура шверц со мигранти откри македонската полиција, овој пат се работи за триесет и двајца откриени на локален пат близу Радовиш.

На локалниот пат меѓу селата Калуѓерица и Подареш, Радовишко, синоќа околу 19:30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно моторно возило Ford Transit со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 мигранти, соопштија денеска од СВР Струмица.

Од пронајдените мигранти 9 биле од Авганистан, 14 од Пакистан, 7 од Египет, еден од Индија и едно лице од Турција.

– Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, се додава во соопштението на полицијата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more

Левица го објави својот предизборен спот

Read more
 

Вести

Доживотен затвор за маж што на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе