Откриени администраторот и телефонските броеви на членовите на „Јавна соба“

Скопје, 26 јануари 2020 (МИА) – Полицијата го откри администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина, потрврдија за МИА извори од истрагата.

Станува збор за околу 7.400 телефонски броеви на членови на „Јавна соба“. Истрагата што ја води Бирото за јавна безбедност продолжува, но повеќе детали засега не се откриваат.

Претходно, МВР соопшти дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот со затворената група на „Телеграм“ која споделувала фотографии и видео од девојчиња со интимна содржина.

-Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата „Телеграм“, со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржинте што се објавени, информира за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој додаде дека е известено и Јавното обвинителство и дека се преземаат мерки за расчистување, а воедно апелира до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.

Реакции за групата имаше вчера по социјалните мрежи. Според споделените информации на социјалните мрежи дел од фотографиите објавени во оваа затворена група се преземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.

Групата, како што изјави премиерот Оливер Спасовски, е креирана за многу брзо и за многу кратко време има толкав број учесници.

– Според информации што ги добив од Бирото за јавна безбедност покрената е целосна постапка за расчистување на овој случај, известено е јавното обвинителство и заедно се работи на откривање на администраторот, меѓутоа и на членовите на оваа група, изјави Спасовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конфренција во Владата.

Тој апелира да се заврши што е можно побрзо активноста околу завршување на сите процедури во делот на истрагата и на одговорните што ќе се утврдат да сносат целосна одговорност.

-Ова е апел до сите нас, апел е и до родителите, апел и до образовните институции да имаме надзор над своите деца и да реагираме благовремено и семејствата, но и образовните институции се со цел заеднички да придонесме да не се случуваат вакви случаи. Имало секако вакви случаи и претходно на кои сме работеле заеднички со Министерството за труд и социјална политика и биле расчистувани навремено, меѓутоа сето ова треба да покажува дека не само репресивниот елемент во откривањето на вакви состојби, туку и многу порано да се работи превентивно и сите заедно да работиме и во семејствата и во институциите, посочи Спасовски.

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Санела Шкирељ истакна дека се работи координирано со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за образование и дека во моментов немаат пријава од родители, но апелираше до сите родители кои имаат информација дека нивните деца биле изложени и биле дел од оваа група да се обратат до центарите  за социјални раобти.

-Информацијата ја добивме синоќа и ведаш со Минстерството за внатрешни работи и МОН се искоординиравме. МВР постапува во делот на истрагата. Јас синоќа упатив апел и сега аплеирам до сите родители чии што девојчиња биле изложени на таква содржина во таа група да се обратат до центарите за социјални работи, каде нашите тимови стојат на располагање за психолошка помош, поддршка и советување, рече Шкриељ.

Според неа, доколку се утврди дека и креторите на гурпата се малолетници Центаорт за социјални раобти во сорабокта со МВР ќе постапува во рамки на своите надлежности, а со МОН, како што додаде, сме координирани и тие ќе постапуваат преку своите стручни тимови што ги имаат во училиштата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а наЈмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе