Откриени бактерии невидливи за човечкиот имунолошки систем

Бактериите што научниците ги собраа на 4 километри под површината на Тихиот Океан се толку туѓи за човечкото тело што всушност се невидливи за нашиот имунолошки систем.

Ова откритие е во целосна спротивност со еден од главните принципи на имунологијата - дека човечкиот имунолошки систем еволуирал така што може да ги регистрира сите микроби.

„Идејата беше нашиот имунолошки систем да обезбеди општ отпор и да не се грижи дали нешто претставува закана или не. Сепак, никој досега не ја тестирал таа претпоставка“, изјави за Live Science имунологот Џонатан Каган од Детската болница во Бостон.

За да ја тестираат оваа веќе прифатена хипотеза, експертите мораа да пронајдат бактерии за кои веројатно досега немале контакт со имунолошкиот систем на цицачите, па морале да нурнат длабоко во Тихиот Океан.

„Не баравме само на големи длабочини, туку и на подрачјето на Тихиот Океан, кое е најзаштитено и најоддалечено“, објасни морскиот екологист Ренди Рохан од Универзитетот во Бостон.

„На длабочина од 4.000 метри, нема цицачи, и ова е екваторијална област каде што нема китови. Беше добро место да се бараат бактерии кои се сосема различни од оние што ги среќаваме на копно“, додаде тој.

Научниците со помош на подморница со далечинско управување собрале морски бактерии од примероци вода, сунѓери, морски ѕвезди и седименти. После тоа, 117 пронајдени соеви на бактерии биле пропагирани во лабораторија.

Невидливи за нашиот имунолошки систем

Откако ги проучиле нивните карактеристики, тие вовеле 50 соеви во имуните клетки на глувците и луѓето. На нивно изненадување, тие открија дека 80% од микробите, претежно припадници на видот Moritella, се целосно невидливи за имунолошкиот систем.

Имено, рецепторите на имуните клетки на коскената срж кај цицачите кои се користат во студијата, воопшто не ги регистрирале овие микроби.

URL

Позитивната страна на приказната - бактериите не се опасни за луѓето

За среќа, овие бактерии од длабокиот океан не претставуваат опасност за човечкото тело.

„Прво, тие не еволуирале за да избегнат одговор на имуниот систем на цицачите, па ако имаше каква било патогеност, тоа ќе беше случајно. Друга причина зошто многу веројатно не се работи за бактерии опасни за нас е температурата, притисокот и хемиската околина во нашето тело, што е многу различно од она што го гледате на дното на океанот. Овие бактерии не би преживеале долго надвор од нивното природно живеалиште“, рече Рохан.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе