Откриени цврсти докази за древна оаза на Марс

Површината на Марс е ладна пустина, но пред милијарди години таму постоела оаза, вели новото истражување направено според откритијата на роверот Curiosity на НАСА. Останува една мистерија: имало ли живот?

Користејќи ги податоците од гореименуваниот ровер, научниците заклучија дека кратерот Гејл, кој е широк околу 154,5 километри и длабок 5,5, пред 3 и пол милијарди години бил полн со солена вода. Откритието овозможува поглед длабоко во историјата на Црвената планета, во време кога можеби Марс можел да има жив свет.

Создаден од удар на огромен астероид, кратерот Гејл е вистинска временска капсула на еден Марс што се менувал. Тоа е идеално место за истражување на предисториското минато на планетата.

Еден дел од кратерот,наречен Old Soaker, ги содржи можеби најјасните докази за постоењето на древна оаза, оставајќи траги од езерско дно со исушена, испукана кал. Научниците веруваат дека регионот минал низ периоди на влажност и суша пред конечно да дојде до денешната состојба.

Најдобро може да се замисли како изгледала оазата на Марс ако се погледнат некои места на Земјата со сличен геосостав. Тоа се солените езера на височините во Јужна Америка, поточно во Перу, Боливија, Чиле и Аргентина, кои по изглед би требало да бидат слични на тоа древно езеро на Марс.

реклама

Ана, една од девојките објавени во „Јавна соба“: Денес жртва сум јас, утре тоа може да бидеш ти

Read more

„Ќе те е*ам и тебе и жена ти... Мајка ти е к*рва“ – Цел свет ги разбра Ибра и Лукаку

Read more

COVID-19 е опасен за мозокот дури и по оздравувањето

Read more

Ново сведоштво од „Школата на Мика“: Ме силуваше седум месеци, речиси секој вторник

Read more

Вести

Сондата OSIRIS-REx наскоро ќе го напушти астероидот Bennu

Read more

Научници покажаа како би изгледала Холандија за 100 години

Read more

Првите туристи во Меѓународната вселенска станица ќе платат по 55 милиони долари за историското патување

Read more

Овие роботи можат да засадат цела шума за еден ден

Read more
 

Гик

Сондата OSIRIS-REx наскоро ќе го напушти астероидот Bennu

Читај повеќе

Научници покажаа како би изгледала Холандија за 100 години

Читај повеќе

Маск и Безос се препукуваат: Кој е крал на сателитскиот интернет?

Читај повеќе

Истражување: Зошто некои луѓе се имуни на короната?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот што сакаше да го уништи човештвото доби „семејство“: Пристигнуваат нови модели

Читај повеќе

Првите туристи во Меѓународната вселенска станица ќе платат по 55 милиони долари за историското патување

Читај повеќе

Овие роботи можат да засадат цела шума за еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Десетте најстрашни доживувања во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 7 нови игри за февруари

Читај повеќе