Откриени детали за новиот филм на Тарантино

Новиот филм на Квентин Тарантино сѐ уште не е снимен, но тоа не ги спречи шпекулациите околу неговиот заплет да кружат наоколу.

Според шпекулациите, во новиот филм на американскиот режисер требаше да се работи за Чарлс Менсон и убиствата на неговата Фамилија Менсон. Но, според изворите, филмот нема директно да ја обработува приказната за Менсон, иако таа ќе биде дел од дејствието.

Според Vanity Fair, филмот ќе ја користи приказната на убиствата на Фамилијата Менсон како споредно дејство, кое ќе се одвива во сенка на главното дејство.

„Филмот е сместен во Лос Анџелес, во летото 1969 година. Според извор кој го има прочитано целото сценарио, се работи за телевизиски актер кој имал една хит-серија, но сега сака да влезе во филмската индустрија. Неговиот помошник, кој е и негов каскадер, го сака истото. Грозоморното убиство на Шерон Тејт и нејзините четворица пријатели од страна на култот на Чарлс Менсон служи како помошна приказна во филмот“, пишуваше во извештајот на Vanity Fair.

Исто како што „Inglorious Basterds“ не беше баш за Хитлер, така и овој филм нема да биде баш за Чарлс Менсон.

Ако може да им се верува на овие извештаи, Марго Роби била контактирана за да ја одигра улогата на Шерон Тејт. Снимањето треба да започне во јуни следната година, а филмот се очекува некаде кон крајот на 2019 година.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе