Компанијата Xiaomi на 30 септември(утре) ќе претстави 3 нови смартфони.
Xiaomi утре ќе ги претстави моделите Mi 10T Lite, Mi 10T и Mi 10T Pro. Засега не се познати спецификациите на моделите 10T и 10T Pro, но клучната разлика ќе биде во тоа што стандардниот модел ќе има камера од 64, а Pro верзијата ќе има камера од 108 MP.
Втората разлика е тоа што Mi 10T Pro ќе биде достапен со 128 и 256 GB интерна меморија, а Mi 10T само со 128 GB интерна меморија.
Уредите ќе го имаат новиот Qualcomm Snapdragon 865 процесор со 5G модем.
Што се однесува на екраните, тука е 6,67-инчен LCD панел со 1080п резолуција и фреквенција на освежување од 144 Hz.
Xiaomi Mi 10T и Mi 10T Pro ќе ги напојува батерија од 5.000 mAh со брзо полнење од 30W.
Цената ќе се движи помеѓу 550 и 700 евра.