Откриени гости и странски државјанки во угостителски објект со забрана за работа во Охрид

Полицијата откри 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина во угостителски објект во Охрид, кој работел и покрај претходно изречена забрана и ставена пломба. Од извршената контрола денеска во 1:30 часот, дополнително е утврдено дека во објектот се врши дејност по 18:00 часот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата со COVID-19.

„На 16.01.2021 во 01:30 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и Државен пазарен инспекторат извршена е контрола во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид, сопственост на Д.Т. (30) од Охрид, при што било утврдено дека објектот работи и покрај претходно изречената забрана за работа и ставената пломба на 06.01.2021 од страна на Државен пазарен инспекторат, а и притоа внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина“, информираат од МВР.

При претресот, извршен со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Охрид,  пронајдени се и одземени поголема количина на парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, по чија насока од слобода се лишени сопственикот и сите лица затекнати во објектот, против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик.

Инспектори од Одделението за странци при РЦ Запад, по насока на Јавен обвинител, против 11 лица – странски државјанки ќе поднесат соодветен поднесок и истите ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка поради тоа што биле без регуларен престој во државата и без работна дозвола.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителскиот објект во Охрид повторно е пломбиран и има забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело –  оштетување и кинење на пломба. 

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе