Откриени нови тајни за настанокот на Сончевиот Систем

Истражувачки тим од научници ѕиркаат во Сончевиот Систем каков што веројатно изгледал во својата најрана фаза откривајќи ги одговорите за создавањето на амино-киселините - и конечно, животот каков што го познаваме - преку анализа на прастари вселенски камења.

Лево: Сончевиот Систем; Десно: микроскопска слика од магнетит во метеоритот Тагиш

Новите откритија, објавени од меѓународна група на научници предводена од Кралскиот музеј на Онтарио, беа објавени оваа недела во списанието на Националната академија на науки.

Применувајќи таканаречена атом по атом анализа врз метеоритот од езерото Тагиш кој спректакуларно пристигна на Земјата во 2000 година, тимот успеа да добие слика на тоа како веројатно изгледал Сончевиот Систем кога бил штотуку создаден, пред милиони години. Користејќи томографија базирана на атомски сонди, која е способна да прави слики од атоми во 3D, научниците откриле траги од вода во магнетните зрна на метеоритот.

Езерото Тагиш во Канада

„Знаеме дека водата ја имало во изобилство во раната фаза од Сончевиот Систем. Но, има многу малку директни докази за хемискиот состав или ацидноста на овие течности, иако тие веројатно биле клучни за раната фаза од настанувањето и еволуцијата на амино-киселините и конечно, микробиолошкиот живот“, вели д-р Ли Вајт, главниот автор на истражувањето.

Каменот Тагиш, именуван според езерото во Канада, е во голем дел распаднат по неговото влегување во земјината атмосфера, но сепак некои десетина килограми од неговите остатоци беа собрани од замрзнатото езеро. Истражувачите велат дека течностите пронајдени во вселенските камења биле богати со содиум и алкалин, т.е. речиси идеални услови за синтеза на амино-киселини, кои пак се клучна состојка за живот.

Парче од метеоритот Тагиш

„Амино-киселините се есенцијални состојки во создавањето на животот на Земјата, сепак ние допрва имаме уште да учиме за тоа како тие настанале во нашиот Сончев Систем. Што повеќе променливи можеме да издвоиме, како температура и pH, ни овозможува подобро да ја разбереме синтезата и еволуцијата на овие многу важни молекули во она што ние го знаеме како биотички живот на Земјата“, вели Бет Лајмер, коавтор на истражувањето и кандидат за докторат при универзитетот Јорк.

Истражувањето открило дека, со оглед на композицијата на течноста, амино-киселините би можеле на мњетеорот да се се гформирата со голема брзина, веројатно поставвајчи основа за микробиолошки живот дури пред 4,5 милијарди години.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе