Откриено богатство во недопрени египетски гробници

Археолози дошле до неверојатно откритие во древната египетска некропола Тел ел-Деир во Дамиета.

Тие пронајдоа десетици гробници кои не биле отворени илјадници години.

Коморите од непечени тули сè уште содржеле скапоцени богатства што биле закопани заедно со мртвите пред повеќе од 2.500 години.

Експертите пронајдоа, меѓу другото, керамички садови, погребни амајлии и скараби кои би требало да го заштитат покојникот во задгробниот живот, бронзени монети и претстави на божества како Изида и Хорус во златна фолија.

Недопрени гробници

Тоа е многу вредно откритие, бидејќи разбојниците ограбувале многу древни египетски гробници. Ваквите недопрени предмети им овозможуваат на археолозите да добијат подобар увид во обичаите на погребување на древните Египќани, пишува Science Alert.

Археолошките ископувања во Тел ел-Деир се во тек веќе неколку години, при што научниците истражуваат комплекс на гробници од 26-тата династија (помеѓу 644 и 525 п.н.е.). При претходните ископувања откриени се 20 гробници во кои имало амајлии, златни фолии, скараби и садови во кои се ставаат органите на покојникот при мумификација.

Во комплексот биле погребувани и богати и сиромашни

Сега се откопани 63 поединечни гробници, меѓу кои имало и поедноставни погребувања. Имено, се чини дека на тоа место биле погребани луѓе со скромно богатство и оние кои биле побогати, со повисок статус.

Во керамичкиот бокал биле пронајдени 38 бронзени монети кои потекнуваат од династијата Птоломеј, која владеела од 305 до 30 п.н.е.; значи неколку стотици години по изградбата на комплексот.

Археолозите велат дека ова покажува дека Дамиета била важен трговски центар за време на долгиот период од античката египетска историја.

реклама
„Boss Baby“ втор викенд на врвот на бокс-офисот

„Boss Baby“ втор викенд на врвот на бокс-офисот

Read more
Шилегов: Летово ќе се реконструираат 11 средни училишта во Скопје

Шилегов: Летово ќе се реконструираат 11 средни училишта во Скопје

Read more
Ким Џонг Ун испрати специјален подарок во Јужна Кореја

Ким Џонг Ун испрати специјален подарок во Јужна Кореја

Read more
Кинеска инвазија: Со електричен SUV возеа 15.000 километри до саемот во Франкфурт

Кинеска инвазија: Со електричен SUV возеа 15.000 километри до саемот во Франкфурт

Read more

Наука

Австралиец преживеа 100 дена со вештачко срце од титаниум

Read more

Дали древните гробишта Флегстоунс биле прототип за Стоунхенџ?

Read more

Во Тајланд пронајден скелет на дете стар 29.000 години

Read more

Откриен нов дел од имунолошкиот систем, клучен во борбата против бактериите

Read more
 

Гик

Астронаутите кои се заглавени на ISS со месеци утре се враќаат на Земјата

Читај повеќе

Nintendo Switch 2 се очекува во јуни, позната и цената

Читај повеќе

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе

Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Читај повеќе

Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески хуманоиден робот вози велосипед и извршува задачи без обука

Читај повеќе

Основачот на The Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Читај повеќе