Откриено каков бил животот на средната класа во Помпеја

Археолозите открија четири нови соби во куќа во Помпеја, исполнета со чинии, амфори и други секојдневни предмети, што го доловува животот на средната класа во времето кога ерупцијата на Везув го закопа римскиот град во 79 година од нашата ера.

Остатоци од чинии, набрзина испразнет ковчег, кревет и камин од теракота во облик на лулка се пронајдени на два ката од претходно ископана зграда, соопштија претставници на Археолошкиот парк Помпеја. Некои беа повредни од другите - садови направени од бронза или стакло заедно со секојдневни алатки.

„Голем дел од населението во Римската империја биле луѓе кои се мачеле за корка леб, но сакале и да го подигнат својот општествен статус“, вели директорот на паркот Габриел Цухтригел.

Се стремеле кон подобар живот и статус

Археолозите правеа гипсени калапи за да репродуцираат некои од предметите од локацијата во Помпеја, една од главните туристички атракции во Италија во близина на модерниот град Неапол.

Остатокот од градба ископан во 2018 година, вклучува двор украсен со фрески од растенија, птици и сцени од лов. Нишата во која се наоѓале боговите-заштитници на домаќинството или лари, ѝ го дала популарното име на „куќата Ларарио“.

„Сопствениците на куќата Ларарио во Помпеја успеаја да го украсат дворот во кој се наоѓаат лариите и бунарот со извонредни слики, но очигледно немале доволно пари за сите соби“, додаде Цухтригел.

„Не знаеме кој живеел овде, но удобниот живот прикажан во дворот веројатно бил повеќе аспирација отколку нивната секојдневна реалност.“

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Вести

Must have гаџети за твоите урбани авантури

Read more

Како изгледа најновата листа на најпреземани апликации?

Read more

Passkey наскоро доаѓа на Facebook: Што значи тоа за корисниците?

Read more

Откриен досега непознат вид морски пајак, се храни со метан

Read more
 

Гик

Неверојатно откритие на научниците: Мозокот испраќа сигнали за кои не сме знаеле дека постојат

Читај повеќе

AI моделот на Google за генерирање видеа наскоро доаѓа на YouTube Shorts

Читај повеќе

Русите почнаа да ја тестираат првата вакцина против рак

Читај повеќе

Must have гаџети за твоите урбани авантури

Читај повеќе

Како изгледа најновата листа на најпреземани апликации?

Читај повеќе

Passkey наскоро доаѓа на Facebook: Што значи тоа за корисниците?

Читај повеќе

Откриен досега непознат вид морски пајак, се храни со метан

Читај повеќе

Кои информации не треба да ги споделувате со ВИ четботовите?

Читај повеќе

Aстероид повторно ѝ се заканува на Земјата

Читај повеќе