Снимањето на третото продолжение на „Deadpool“, антихеројот на Marvel, е закажано за 2022 година.
Неодамна е потврдено дека Рајан Рејнолдс ќе остане во улогата на Дедпул. Извршниот директор на Marvel, Кевин Фејџ во интервју за Collider изјави дека снимањето нема да започне оваа година.
„Рајан е многу зафатен, тој е доста успешен актер. Нема да снимаме во 2021 година“, изјави Фејџ, потврдувајќи дека филмот нема да го видиме пред 2023 година.
Фејџ откри дека сега работат на сценариото. Рајан Рејнолдс на Instagram потврди дека ќе има трет дел.
Првиот „Deadpool“ (2016) филм заработи 783 милиони долари, а вториот дел (2018) заработи 785 милиони долари.