Откријте го потеклото на првата независна разузнавачка агенција во „The King's Man“
20th Century Fox го објави вториот трејлер за акционата трилер драма „The King’s Man“.
Најлошите тирани и криминални генијалци прават заговор за уништување милиони луѓе, а само еден човек води трка со времето за да ги спречи.
Отријте го потеклото на првата независна разузнавачка агенција во филмот во режија на Метју Вон, базиран на стрипот „The Secret Service“ на Марк Милар и Дејв Гибонс.
Улогите ги играат: Реиф Фајнс, Џема Артертон, Рис Иванс, Метју Гуд, Том Холандер, Харис Дикинсон, Даниел Брол и други.