Здравје

Откријте кои се најчестите причини за заморот

4. октомври 2012 - 9:20 | М.Т.

Ако сте дел од оние луѓе кои постојано се чувствуваат заморно и никако не успеавте да ја најдете причината за ваквиот проблем, прочитајте кои се најчестите причинители на заморот за да можете што побргу да се вратите во форма и да се решите од него.

Недостаток на витамини и минерали

Доколку на вашиот организам му недостига витамин Б6 или железо, тогаш многу е веројатно дека ќе почувствувате замор. Исто така, кога жените се во репродуктивен период најчесто имаат недостиг на железо, што може да предизвика појава на анемија.

Ако некогаш чувствувате болка во мускулите и чувствувате слабост во нив, тогаш тоа е заради недостаток на витаминот Д. Но, за да откриете каков тип на недостаток имате мора да одите на лекар за да направите соодветен тест.

Лошо расположение

Истражувањата велат дека депресивните луѓе често чувствуваат замор. Како лек за тоа, можете да го искористите вежбањето кое дава енергија. Практикувајте вежби по половина час во денот, три до пет дена во неделата, за да ја повратите својата енергија, а со тоа и расположението.

Ако ништо од ова не ви помага, тогаш е потребно да отидете на лекар, за да видите која е причината за нарушувањето.

Доколку чувствувате замор и депресија во текот на зимскиот период, можно е да се работи за пореметување кое се лекува на многу едноставен начин, преку присуство на светлина. Доволно е 20-тина минути да поминете на сонце за да се почувствувате подобро.

Надбубрежна жлезда

Надбубрежната жлезда е одговорна за работата на хормоните како што е кортизолот и адреналинот кои реагираат на стресот. Во ваквите случаи помага консумација на енергетска храна и пијалоци, како и добриот и квалитетен сон.

Дополнително може да ви помогне земањето на витамините Б5 и Ц.

Кафе

Иако кафето редовно го користиме изутрина како средство за будење, поголема испиена количина од него може да предизвика дехидрација на организмот, а со тоа и замор. Затоа и се препорачува да се пијат осум чаши вода дневно. Поголемо количество вода треба да пиете и доколку консумирате храна богата со влакна.

Фибромиалгија

Фибромиалгија е појава која се карактеризира со болка во мускулите и зглобовите. Еден од симптомите на овој синдром е хроничниот замор, односно лошиот сон. Ако не можете да ги откриете точните причинители за заморот, можно е да се работи за овој синдром кој погодува 2% од светската популација и тоа почесто жените, отколку мажите.

Недостаток на сон

Нередовното спиење предизвикува замор, а и овде жените почесто патат од мажите. Истражувањата велат дека луѓето кои работат, односно се зафатени подобро спијат од луѓето кои се невработени. Интересно, луѓето кои се наоѓаат во постарата доба од животот имаат најмалку проблеми со спиењето.

Коментирај