Чек дис аут

Откритие: Бетовен оглувел поради труење со олово

14. јануари 2020 - 16:30 | МИА/КАЈГАНА

Лекари од Италија ја открија причината поради која славниот германски композитор Лудвиг ван Бетовен го загубил слухот. Тие сметаат дека глувоста на музичарот можеби се должи на труење со олово.

Научниците поставија голем број хипотези за причините за болеста на композиторот, меѓу нив се тифус, различни автоимуни заболувања и невообичаената навика на Бетовен пред да спие да си истура ладна вода врз главата.

Лекарите предводени од Давид Брото од Универзитетот во Падова (Италија) наведуваат нова причина.

Симптомите на еден од пациентите, кого лекарите го набљудуваат од 2018 година, се совпаѓаат со тоа од кое страдал познатиот композитор.

Причина за нерасположението е високата концентрираност на олово во крвта и урината на Италијанецот.

Присуството на токсичниот метал во неговиот организам е од стара тава за пржење, на која заштитниот керамички слој бил излупен.

Анализа од косата на Бетовен и делови од черепот во 2005 година покажале дека телото на композиторот содржи зголемено присуство на олово.

Музичарот можеби имал зголемени дози на олово поради виното кое во тоа време содржело големи количества тешки метали. Покрај тоа, омиленото шише на Бетовен е делумно изработено од олово.

Бетовен почнал да го губи слухот во 1796 година, на 26-годишна возраст, а до 1811 година целосно оглувел. Болеста не го спречила композиторот да создава музика, но имал проблеми при одржувањето концерти.

Коментирај