Откритие што менува сѐ: Човечки стапалки стари 23.000 години најдени во Ново Мексико

Отпечатоци од стапала стари 23.000 години се откриени во САД, што покажува дека луѓето се населиле во Северна Америка долго пред крајот на последното ледено доба, покажа студијата објавена вчера.

Ова откритие го помести времето кога првите жители го населиле континентот за илјадници години.

Отпечатоците биле оставени во калта на брегот на одамна исушено езеро, кое сега е дел од пустината во Ново Мексико.

Седимент ги наполнил вдлабнатини создадени од стапалата и се стврднал во карпата, заштитувајќи ги доказите за нашите предци и давајќи им на научниците детален увид во нивните животи.

„Се чини дека многу од стапалките им припаѓаат на тинејџери и деца; големите отпечатоци на возрасни се поретки“, пишуваат авторите на студијата објавена во американското списание Science.

Една од хипотезите на научниците за ова е дека имало поделба на трудот, во која возрасните биле вклучени во квалификувани работи, додека „носењето и пренесувањето“ им било делегирано на тинејџерите.

„Децата ги следеле тинејџерите и заедно оставиле голем број траги.“

URL

Научниците исто така откриле траги од мамути, праисториски волци, па дури и џиновски мрзливци, кои се чини дека биле присутни во исто време кога луѓето го посетувале езерото.

Америка била последниот континент до кој стигнало човештвото.

Со децении, најшироко прифатената теорија беше дека имигрантите во Северна Америка доаѓале од источен Сибир преку копнениот мост - денешниот Берингов теснец. Од Алјаска се упатиле на југ во потрага по попријатна клима.

URL

Археолошките докази, вклучително и врвови од копја што се користеле за убивање мамути, долго сугерираа дека населбата стара 13.500 години била поврзана со таканаречената праисториска култура Кловис именувана по град во Ново Мексико.

Се сметаше за прва цивилизација на континентот и претходник на групите што станаа познати како Индијанци.

Сепак, идејата за праисториската култура на Кловис беше потиснувана во последните 20 години со нови откритија кои покажаа дека првите населби се постари.

Дури и оваа поместена проценка за староста на првите населби не надминува 16.000 години, по завршувањето на таканаречениот „последен глацијален максимум“ - периодот кога ледените покривки биле најраспространети.

Овој настан, кој траел до пред околу 20.000 години, е од клучно значење бидејќи се верува дека со мразот што тогаш покрил голем дел од северните делови на континентот, миграцијата на луѓето од Азија во Северна Америка и пошироко би била многу тешка.

реклама

Избрани 31 градоначалник во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ со најмногу победници

Read more

Малолетната ќерка на Хајди Клум позираше со разголени гради за Rollacoaster

Read more

Апасиев: Имаме советници во над 30 општини

Read more

Кање со бизарна маска се појави на свадба кај синот на најбогатиот човек во светот

Read more

Вести

Израелски нуркач откри крстоносен меч стар 9 века

Read more

Facebook отвора 10.000 работни места во ЕУ заради создавање на метавселена

Read more

Метрото во Москва ќе се плаќа преку систем за препознавање лица

Read more

Пилула против корона до крајот на годината? Сиромашните земји изгледа пак ќе извисат

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Израелски нуркач откри крстоносен меч стар 9 века

Читај повеќе

Дали треба да бегаме во вселенски колонии или да ја спасуваме Земјата?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа Samsung Galaxy S22 Ultra?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првата мисија до Јупитеровите Тројанци ќе ги открива тајните за раѓањето на Сончевиот Систем

Читај повеќе

Оштетување на мозокот и стареење: Што друго им се случува на астронаутите во вселената?

Читај повеќе

Кислородот ќе исчезне пред водата - крај на Земјата каква што ја знаеме

Читај повеќе

Facebook отвора 10.000 работни места во ЕУ заради создавање на метавселена

Читај повеќе

Метрото во Москва ќе се плаќа преку систем за препознавање лица

Читај повеќе

Пилула против корона до крајот на годината? Сиромашните земји изгледа пак ќе извисат

Читај повеќе