Отровен пестицид во пиперки увезени од Македонија откриен во Хрватска

Забранет отровен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Северна Македонија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со храна.

„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форматенат. Ризикот е сериозен“, се вели во соопштението.

Земја на пријава е Хрватска. Се претпоставува дека пестицидот е откриен со анализа на примероци од пиперка на хрватскиот пазар, бидејќи нема информации дека пратката е вратена од граница.

Форметанат, како што анализираат тамошните медиуми е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во Европската Унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Форметанатот е акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Бројни научни студии докажаа дека форматенатот може да биде токсичен преку инхибиција на холинестеразата. Активноста на холинестеразата е примарно одредена кај заболувања на црниот дроб, сомнително труење со пестициди и атипична форма на ензимот.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање и абнормална тишина.

Беше заклучено дека пестицидот форматенат е потенцијално невротоксичен токму поради неговата способност да ја инхибира холинестеразата.

Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Регион

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Read more

Во нацистичка униформа „блесна“ жената задолжена за контрола на медиумите во Србија

Read more

Бугарското МВР нема информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на нивна територија

Read more

Нов земјотрес на Закинтос, сега посилен - од 4,4 степени

Read more
 

Вести

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе

Нацрт-резолуција: Израел мора да ги почитува хуманитарните обврски

Читај повеќе

ЕУ се договори како ќе ја регулира вештачката интелигенција

Читај повеќе

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Читај повеќе
  • filter

Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Читај повеќе

ЦУК: Најбарана Итната медицинска помош со 51% од реалните повици на 112

Читај повеќе