Отстранет проблемот со алармот за пожар во Кривичниот суд

Скопје, 10 декември 2018 (МИА) – Отстранет е проблемот со алармниот систем во Кривичниот суд поради што беше пролонгиран почетокот на судењата за „27 април“ и за „Монструм“.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје, соопшти дека во утринските часови во новата зграда на судот беше пријавен проблем со алармниот систем за кој по извршена проверка се утврди дека се работи за технички проблем кој за помалку од 20 минути беше остранет.

„Заради проверка на системот судењата за предметот поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието на Македонија, како и судењето за предметот од обвинителството означен како „Монструм“ кои беа насрочени во 10:00 часот започнаа со задоцнување за кое странките беа благовремено известени, а судењата во овој момент се одвиваат без никакви проблеми“, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Поради вклучувањето на алармот за пожар привремено беше прекинато снабдувањето со струја во судот, а вработените, обвинети и нивните бранители, како и новинарските екипи кои беа дојдени да ги следат рочиштата, чекаа пред судската зграда да се отстрани проблемот.

На влезовите во Кривичниот суд беа залепени известувања дека поради технички проблеми судењата се одложени по 11 часот.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе