Отстранета е експлозивната направа – рачна бомба пронајдена во кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп, пренесува МИА.
Полицијата почна да го ослободува просторот за нормално движење на граѓаните и за непречено одвивање на сообраќајот.
Како што информираат од СВР Битола, експлозивната направа ја пронашол сопственикот на кафе-барот, Гоце Т. околу 12:10 часот и веднаш ја повикал полицијата.
Се чекаше да пристигне единицата за антитероризам од Скопје за да се констатира за што станува збор. Засега нема подетални информации за оваа ситуација која ги вознемири и шокира жителите на Прилеп.