Отворен конкурсот „Рукописи 43“ за поезија и проза од млади автори

Домот на млади од Панчево го распишува 43. Конкурс за Зборникот поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија.

Право на учество имаат автори помеѓу 15 и 30 години, кои пишуваат на екс-југословенските јазици и на јазиците на националните малцинства во Република Србија. Конкурсот ќе биде отворен до 21 февруари 2020 година.

„На конкурсот може да се учествува со поезија и/или кратка проза. Треба да се испратат: до 3 песни и/или раскази: песните не подолги од 2, а расказите не подолги од 3 чукани страници (значи, до 7.000 карактери, големина на фонтот 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса на живеење (државјанство ако авторот живее во странство), број на телефон и мејл.

Ги молиме авторите личните податоци да ги внесат и во ‘телото’ на мејлот и на почетокот на фајлот со текстовите, исто така песните/расказите да бидат во еден Word документ, да не се испраќаат компресирано (ZIP, RAR итн.) и без екстерни линкови. Најпосле, да ги почитуваат правописните правила“, порачуваат организаторите на конкурсот.

Мејл-адресата на која треба се праќаат текстовите е: zbornikrukopisi@gmail.com.

Домот на млади Панчево препорачува праќање текстови по електронска пошта, а со обична пошта само доколку авторите немаат можност поинаку да ги пратат текстовите. Во тој случај, адресата е: Dom omladine, Svetog Save 10, 26000 Pančevo, Srbija (со назнака „за Рукописе 43“).

Се замолуваат авторите да ги почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на текстовите. Текстовите што ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

„Рукописи 43“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а во текот на мај планирана е и промоција во Панчево, односно тридневен фестивал. На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора што нема да имаат можност да дојдат на промоцијата на Зборникот примероци ќе им бидат испратени по пошта.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе