Отворен најголемиот паркинг за велосипеди во светот
Под железничката станица во Утрехт, Холандија е отворена најголемата гаража за велосипеди во светот, со капацитет за 12.500 велосипеди.
Станува збор за паркинг на три ката кој работи 24 часа дневно, организиран во вид на метални носачи на спрат на кои можете да го закачите велосипедот и да го заклучите. Холандија е земја со 17 милиони жители и дури 23 милиони велосипеди.
Во просек секоја личност во ова земја минува по 18 минути на велосипед. Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во Холандија, а можеби и во светот.