Почна со работа новиот кинески мега аеродром, вреден 11 милијарди долари. Аеродромот се наоѓа во Пекинг, а официјално го отвори кинескиот претседател Ши Џинпин.
Се простира на 700.000 метри квадратни, што значи дека неговата големина може да се спореди со големината на 98 фудбалски терени.
Целта на новиот аеродром е да го намали притисокот на аеродромот во Пекинг, кој има премногу патници. Меѓународниот аеродром Daxing претставува најголем терминал во светот сместен во една зграда. Се очекува до 2025 година да прими 170 милиони патници. Дизајниран е од славната архитектка Заха Хадид.
Седум домашни авиокомпании веќе почнаа да го користат, нив ги предвои China Eastern Airlines, а како меѓународни авиопревозници се вклучени British Airways, Cathay Pacific и Finnair, кои најавија линии за Daxing.