Отворен повик за млади уметници на програмата за култура „Инкубатор“

Програмата за култура „Инкубатор“ објави нов отворен повик за аудиција во областа на три категории – современ танц, музика и визуелни уметности, кој трае до 12 март.

Аплицирањето се врши електронски на ОВОЈ ЛИНК..

Пријавените кандидати – танчари, треба да имаат претходно познавање и владеење на техниката на современ танц. Аудицијата ќе се одржи во форма на класичен час по современ танц, со импровизација на одредена тема која ќе се постави за време на самата аудиција.

Заинтересираните музичари треба да аплицираат со своја кратка, оригинална композиција во траење од најмалку една до најмногу четири минути. Пријавените кандидати треба да имаат претходно композиторско искуство и соодветна подготовка да творат оригинална музика, наменски напишана за современ танц.

Сите заинтересирани визуелни уметници треба да аплицираат со кратка биографија и фотографии од најмалку две, а најмногу четири лични селектирани дела. Избраните ќе имаат можност да создаваат современ визуелен сценски амбиент.

Селектираните „Инкубатор“ уметници ќе бидат вклучени во продукциите на Интерарт културниот центар и Скопје танцовиот театар, кои ќе бидат прикажани на годинашниот Интернационалниот фестивал Танц Фест, како и во месец мај на повеќе сцени во Скопје и низ републиката.

Аудициите ќе се одржат на 14.03.2020 година, во просториите на Сцена Зебра и тоа во 11 часот за музичка продукција, во 12 за современ танц и во 14 за визуелни уметности.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе