Отворен повик за мобилност на млади таленти од Западен Балкан на филмски фестивали

Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“  распиша повик за мобилност на млади таленти. Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-ина млади од сите шест земји од Западен Балкан.

Млади на возраст од 15 до 25 години, граѓани на една од земјите на Западен Балкан, може да учествуваат на едукативни и креативни работилници што се организираат во рамките на филмски фестивали од регионот, со цел да ги подобрат своето знаење и вештини. Тие треба да имаат потврда од конкретниот филмски фестивал или организација дека се примени за учество на работилници.

Учеството на работилниците ќе подразбира едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан, кои ќе ги споделат заедничките интереси во аудиовизуелната и филмска уметност со спремност за тимска работа под надзор на ментори.

Edu Cuts ќе ги покрие патните трошоци за минимум 20 млади таленти за да учествуваат на различни креативни работилници. Повикот е отворен до исцрпување на финансиските средства за таа намена, односно до крајот на годинава.

Заинтересираните може да го пополнат формуларот на следниот ЛИНК.

Мрежата Edu Cuts ги обединува филмските фестивали и организации што се фокусирани на промоцијата и имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. „Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансниран од Европската Унија и целта е да го збогати дијалогот помеѓу земјите од Западен Балкан, со зацврстување на културните и креативните сектори за збогатување на општествено-економското влијание.

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот се спроведува со поддршка Мрежата Edu Cuts. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал).

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Култура

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Read more

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Read more

Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

Read more

Денови на Крали Марко во Прилеп

Read more
 

Вести

Зеленски: Размислуваме за средба на лидерите на Украина, Русија, САД, ЕУ и Британија

Читај повеќе

Руски медиуми: Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната

Читај повеќе

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Читај повеќе

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Читај повеќе

Со што се дрогираат Македонците?

Читај повеќе

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Читај повеќе