Отворен повик за петтата генерација Докуникулци на МакеДокс

Здружението за промоција на документаристика МакеДокс е во потрага по петтата генерација на Докуникулци на возраст од 14 до 18 години кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм.

Како да се пријавиш?

Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на било кој друг начин, и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања:

1. Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?

2. Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто?

3. Кое е твоето најрано сеќавање?

4. Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто?

5. Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?

6. Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?

7. Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?

Видеото испрати ни го на dokunikulci@makedox.mk преку WeTransfer. Уште подобро, доколку си во можност, прикачи го на VIMEO или YouTube, заштитено со лозинка, а нам испрати ни ги линкот и лозинката.

Повикот е отворен до 1 јуни 2023, a резултатите ќе бидат објавени до 15 јуни 2023 година.

Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува во следниот период:

- јули 2023 (5 дена во природа)

- август 2023 (8 дена на филмскиот фестивал МакеДокс)

- 2 есенско-зимски сесии по договор (5-7 дена)

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на МакеДокс, ланските докуникулци и наши пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци.

Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето – особено за првата сесија во природа не е во хотел со пет ѕведзички, туку понекогаш дури и под отворено небо, со милион ѕвезди, заедно со тимот на МакеДокс.

Бараме млади луѓе, храбри да се изразат креативно и слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени ќе бидат поделени во 3-4 помали групи со по еден ментор, а на крајот на работилницата, секоја група ќе треба да има готов креативен документарен филм. (Во овој момент, не бери гајле за опрема.)

ВАЖНО: Доколку си малолетен/на, заедно со пријавите, треба да доставиш и согласност од одговорен возрасен со која се одобрува твоето учество на работилницата. Доколку остана некое прашање неодговорено, пиши ни.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе