Регион

Отворена бесплатна градинка во Хрватска

10. март 2017 - 12:49 | Макфакс

Првата бесплатна градинка во Хрватска е отворена во градот Умаг. Градинката ќе ја посетуваат околу 200 деца.

Се работи за инвестиција од околу 31 милиони куни, во рамки на проектот „Умаг – град на децата 2010 – 2020“.

Вчера официјално беше отворена градинката која според надлежните треба да го подигне нивото на националните стандарди на грижа за децата.

Тие се горди што Умаг е првиот град во Хрватска со бесплатна градинка за своите мали сограѓани, без листи на чекање и според највисоки стандарди.

Самиот концепт е замислен како истарско село, село на иднината, животот, игрите и сигурното растење.

Комплексот опфаќа затворен простор од 2.500 метри квадратни, а надвор има игралишта, амфитеатар и голем парк. Градбата е еколошки ефикасна.

Во градинката една воспитувачка ќе се грижи за осум деца, а вработени се и педагог, логопед, едукациски рехабилитатор, медицински сестри, спортски тренер, воспитувачки по музичко образование.

Коментирај