Отворена линија за пријавување електричен и електронски отпад: Дали знаете колку е штетен ЕЕ отпадот?

Секое физичко и правно лице може да пријави електричен и електронски отпад со цел да се ослободи од него, преку еко линијата 070/236 000, која е отворена секој ден, информираа денеска од ДОО Нула отпад.

Оттаму апелираат граѓаните да се охрабрат и да ја користат еко линијата која, потенцираат, е безбеден и бесплатен сервис за правилно одложување на овој тип на отпад.

Целта е правилно третирање на отпадот кој делува како нетоксичен, а всушност испушта тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.

Услугата е бесплатна, а граѓаните може да се јават во кое било време, линијата е отворена 24/7, за да се пријават дека имаат ЕЕ отпад од кој сакаат да се ослободат. Екипата на Нула отпад потоа ќе ве контактира ден пред да поминат да го соберат отпадот од адресата што ќе ја наведете, за да договорите термин. Преземањето се одвива само во работни денови, од 8 до 16 часот.

Интересни податоци за отпад од електрична и електронска опрема

Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.

Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно, а најголем удел по маса од ЕЕ отпад отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.

Батериите се неизоставен дел од електричната и електронската опрема.

Што треба да се знае за отпад од електрична и електронска опрема?

Со рециклажа на компјутери тешки околу 30 кг се добива дури 25 кг суровина од прва категорија која може да се врати во производство и 4,7 кг суровина од втора и трета категорија.

Е-отпадот содржи чисти и квалитетни суровини, како и многу опасни компоненти (олово, жива, арсен и др.) кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето и на животната средина воопшто.

Поголемиот број од луѓето купуваат нов мобилен телефон на секои 2 години а повеќе од 90% од материјалите со кои се изработени мобилните телефони можат да се рециклираат (не вклучувајќи ја батеријата).

Глобално е-отпадот расте со годишна стапка од 5% што го прави најбрзо растечки отпад на планетата. Тоа значи дека секоја година, глобално, е-отпадот расте за 50 милиони тони, а секој саат се одложуваат 4.000 тони е-отпад.

ЦРТ мониторите (со катодна цевка) и телевизиските монитори содржат во просек 2-4кг олово. 40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема.

Дури 70% од ИТ-отпадот може повторно да се употребува, што значи дека истиот може и мора да се рециклира. Рециклирањето е најдоброто решение за јавното здравје, животната средина и економијата.

Различен вид на е-отпад содржи околу 60% метали, 30% пластика и помалку од 10% стакло. Со самото тоа е-отпадот претставува добар извор на различни материјали – суровини кои се помалку се достапни во природата.

Во Европа е пракса на 30.000 жители да постои собирен центар за одлагање на отпадна е-опрема.

Матичните плочи од ИТ опремата имаат копчеста живина батерија.

40% од оловото во депониите е со потекло од потрошувачката електронска опрема.

Заштедата на енергија на рециклираниот материјал во однос на оригиналниот материјал од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) која содржи разни видови батерии е прикажана на следнава табела.

Што е електрична и електронска опрема и уреди?

Електрична и електронска опрема и уреди ( EE -опрема) претставуваат сите производи кои за својата правилна работа во потполност зависат од електрична енергија или елекромагнетни полиња како и опрема за производство, пренос и мерење на струјата или за мерење на јачина на електромагнетни полиња и е наменета за користење при напон кој не е поголем од 1.000V за наизменична и 1.500V за еднонасочна струја и не ја вклучува  амбалажата.

Електричната и електронската опрема се карактеризира со најбрз технолошки развој и висок иновациски циклус и ова производство претставува една од најбрзорастечките преработувачки индустрии во светот.

Во ЕУ се продаваат од 11 до 12 милиони тони ОЕЕО годишно, а најголем удел по маса отпаѓа на широкиот спектар бела техника и на информатичката и телекомуникациската опрема.

Што се електричен и електронски отпад?

Електричен и електронски отпад (EE отпад) е отпадната електрична и електронска опрема вклучувајки ги склопките и составните делови, кои настануваат во стопанството (индустрија, обработка и др.), електронски отпад од домаќинства, односно отпадна електрична и електронска опрема  настаната во домаќинствата или во производно/ услужни дејности кога по врста и количина е слична на ЕЕ отпадот од домаќинства.

Отпадот од електричната и електронската опрема (ОЕЕО) се смета за најбрзорастечки отпад во ЕУ, со стапка на пораст од 3 до 5%, што е три пати повеќе од стапката на пораст на комуналниот отпад.

Зошто всушност се категоризираат како опасен отпад?

Отпад од електронска и електричена опрема (ОЕЕО) е комлекс на отпад од различни материјали и компоненти, вклучувајки и опасни материи и према Законот за управување со отпад неможе да се меша со други типови на отпад.

Електричен и електронски отпад содржи отровни и многу често канцерогени супстанци, па заради тоа е многу опасен за човековото здравје, животната средина и нашата планета.

Батериите се неизоставен дел од електронска и електричена опрема.

Што претставува рециклажа на ЕЕ отпад?

Целта за управувањето со ЕЕ отпадот е успоставување на систем за одвоено собирање на електричниот и електронскиот отпад.

Потребно е да се класифицира врз основ на категориите на ЕЕ отпад за негова понатамошна употреба, згрижување и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Овие ризици можат да бидат значајно намалени доколку добро се управува со тој отпад. Елементите на доброто управување се: одвојување од другиот отпад, соодветен технички третман, со кој ќе се намали ослободување на штетни материи и ќе се овозможи што поголема рециклажа на истиот.

Рециклажа е збир на активности со кои се обезбедува повторно искористување на отпадните материјали.

Во моментов, во РМ повеќе од 90% од ОЕЕО завршува на депонија.

Со рециклажата се постигнуваат следните цели:

1. Штедење на сировински ресурси

2. Заштеда на енергија

3. Заштита на животна средина

Извор: www.nulaotpad.com.mk

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more
 

Магазин

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе