Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Со почит за Илинденците и значајните крушевчани, со подигнување на бајракот на Крушевската Република на Гумење, со читањето на Манифестот на Крушевската Република, со испукување на црешовото топче пред Македониумот и со мерки за заштита за присутните, синоќа во Крушево, пред Македониумот беше означен почетокот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“.

Обраќајќи им се на крушевчани и на гостите пред Македониумот, крушевскиот градоначалик и претседател на Манифестацијата „10 дена Крушевска република“ Томе Христоски, нагласи дека Илинден е празник на сите нас, празник на минатото, сегашноста и иднината. Го одбележуваме во несекојдневни услови на пандемија, но тоа, рече, не нѐ спречува да го чествуваме достоинствено.

– Продолжуваме да го негуваме Илинденското наследство, наследство кое е основата на нашето постоење. 117 години достоинствено одбележуваме херојство, жртва, победа за Македонија, 117 години минато за светла иднина на Крушево. Во несекојдневни услови го одбележуваме овој Илинден. Коронавирусот го обзема нашето секојдневие, но не нѐ спречува достојно да го одбележиме овој голем празник на Македонците и сите граѓани, сите народи, основоположници на нашата држава, рече Христоски.

Илинденското востание игра голема улога во историјата, културата и традицијата на Крушево и државата. Врз основа на тоа ги базираме нашата работа, многу од нашите манифестации, перспективите за иднината.

– Тоа е основата на нашето мултиетничко живеење. Илинден е празник на борбата за подобро утре, за светла иднина на нашите деца, за зачувување на нашиот јазик, нашиот идентитет, нашата држава. Нешто што успеавме да го запечатиме во меѓународни рамки за денес да бидеме партнери со напредокот. Ова е празник на меѓусебно почитување, толеранција и прифаќање на различностите.Денес го живееме сонот на Илинденците, а нивната жртва нѝ дава обврска да се потрудиме да создадеме подобро утре за општината, за сите наши граѓани, за најмладите, за повозрасните на кои им должиме подеднакво, порача Христоски.

Христоски смета дека патриотизам е почитување на соседот, на различниот од нас, како и работата на проекти за развојот на Крушево. Само така ќе се почитува Манифестот на Крушевската Република.

За заштитата на присутните се грижеа 25 редари  одредени од општината. Низ градот и на Гумење поминаа Илинденските коњаници од Охрид, Лисиче, од Бигорски поздравени од присутните.
Делегации на општината и на Манифестацијата „10 дена Крушевска Република почит им оддадоа на Питу Гули, на хероите на Партизанските гробушта, на Тоше Проески. Свежо цвеќе положија во Криптата и пред спомен обележјето на Веле Марков.

Инаку, вчера беше отворен и четвртиот по ред летен фестивал „Кога си во Крушево“. Се пријавија преку 200 учесници кои наредните 10 дена ќе може да рекреираат преку богатите содржини на Фестивалот: планинарење, возење велосипед, пешачење, виртуелни трки со примена на сите мерки за заштита.

Во Крушево за празникот има посетители од повеќе градови од земјава.

Денеска, на празникот, од 10,30 часот државни делегации и делегации на Општината, на политички партии и здруженија ќе се поклонат пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот, пред спомен-обележјето на Слива, а централното чествување е напладне на Мечкин Камен каде ќе се обрати потпретседателот на собранието Горан Мисовски. 

реклама

Пандемијата ќе биде под контрола за четири до осум недели ако сите почнат да носат маска  - веднаш

Read more

Низ фотографии: Мелбурн под целосен карантин

Read more

Kривична против градоначалникот на Боговиње за „несовесно работење во службата“

Read more

Шест трикови како да научите да читате говор на тело

Read more

Македонија

Почна трката за формирање Влада

Read more

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против COVID-19 во Охрид

Read more

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови

Read more

До крајот на неделава нестабилно со локални поројни врнежи

Read more

Вести

Почна трката за формирање Влада

Читај повеќе

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против COVID-19 во Охрид

Читај повеќе

Во експлозијата во Бејрут загинаа повеќе од 100 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Читај повеќе

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови

Читај повеќе

До крајот на неделава нестабилно со локални поројни врнежи

Читај повеќе

Kривична против градоначалникот на Боговиње за „несовесно работење во службата“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Силна експлозија во Бејрут, десет загинати, стотици повредени

Читај повеќе

ДИК не извршила тестирање на софтверскиот систем за парламентарните избори 2020

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе