Живот

Отворена плажата во Фукушима, осум години по нуклеарната катастрофа

20. јули 2019 - 18:25 | Б.С.Б.

Плажата Китаизуми во Минамисома, Фукушима е отворена за посетителите, за првпат по нуклеарната катастрофа во март, 2011 година.

Веднаш по отворањето плажата беше полна од среќни деца кои се капеа со родителите, пишува Japan Times.

„Ми олесни кога видов дека плажата е преполна со луѓе“, вели 29-годишниот Саки Јамаки, жител на Минамисома.

Неговиот осумгодишен син Казуто вели дека не можел да плива далеку бидејќи имало високи бранови, но уживал во капењето.

Сајака Мори прошета низ плажата заедно со сопругот и трите деца.

„Израснав гледајќи го морето. Сега кога се вратив по токлу години, се вратив со чувство на носталгија“, вели таа за агенцијата Kyodo.

Тестирањата извршени од владата во мај потврдуваат дека нивото на радијација во воздухот и квалитетот на водата на плажата се исти како пред случувањето на катастрофата.

Коментирај