Отворена постапка за новите „бомби“ објавени на YouTube

Скопје, 11 декември 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори постапка по допрен глас за аудио снимките кои беа објавени денеска на YouTube каналот U6e Big, во кои се слуша глас што наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев.

– Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика да преземат дејствија и мерки и барањето за прибирање на потребни известувања да го достават до YouTube, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинителството посочува дела во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките.

– Со постапката треба да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува, се додава во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција воедно информира дека до сега до него нема пристигнато пријава која се однесува на објавените снимени разговори.

– Обвинителството како и во изминатиот период нема да коментира изјави, туку својата работа ќе продолжи да ја темели врз докази. Во насока на тоа обвинителството веднаш, како и во случајот на објавените документи од предметот „Рекет“, отвори постапка во насока на расветлување на случајот, се додава во соопштението.

На YouTube денеска беа објавени девет нови „бомби“ во кои се слуша како лице чиј глас наликува на оној на Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“ и сведок во случајот „Рекет“, го убедува премиерот Зоран Заев случајот со рекетот да не го пријавуваат кај обвинителката Вилма Русковска, но премиерот му порачува дека „Македонија мора да стане европска држава, правна држава“ и да оди да пријави за да не одговара и самиот.

Во дел од објавените снимени разговори може да се слушнат информации за односот меѓу првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и сега веќе осудениот за овој случај Зоран Милески – Кичеец, како и дека во рачката од куферот во кој Камчев му ги предал парите на Боки 13 имало GPS уред за следење.

Во некои од снимките во позадина има музика, а во други се слуша сообраќаен метеж. Низ снимените разговори се споменуваат повеќе звучни имиња, меѓу кои и на обвинители, судии, политичари и новинари.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе