​Отворено писмо: Стресот и агонијата на медицинските сестри се интензивираат – пораки и барања за неодложно решевање на статусот

Претседателката на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска упати отворено писмо по повод „прекинатите договори на дело и стотици медицински сестри кои во моментов се без работа“.

Писмото го пренесуваме во целост:

По големиот број поплаки и барања на медицинските сестри, кои постојано пристигаат во Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија, како и во Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, остро реагираме и заеднички го подигаме гласот со нашите колешки и колеги кои денес „останаа на улица“ по еднострано прекинатите договори за работа.

Овие наши колеги, за жал, им се придружуваат на оние чиишто договори беа прекинати по различни основи и во различни периоди во повеќе здравствени установи низ Републиката, во последната година.

Законските недоречености и политичките флоскули ја влошуваат состојбата

Фрапантни се фактите кои речиси остават без зборови: станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои зад себе имаат и по 6 и 7 години работно искуство во статус договор на дело, а се до денес биле составен дел од здравствените установи, Општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и Куманово!

Овие колеги, наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот!

Недопустливи поделби во професијата: Професионализам и емпатија како единствени критериуми

Унијата на петте здруженија на медицински сестри и техничари на Македонија, со своите повеќе од 5.000 членови од сите нивоа на здравствениот систем, предводена од Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА-НАС“, континуирано реагира и алармира за потребата од итно решавање на статусот на оваа категорија медицински сестри и медицински техничари, кои со години наназад се ангажирани со „Договори на дело“ преку агенциите, други матични институции и трети по основ на проекти!

Реагираме по којзнае кој пат и апелираме да се престане со поразителната поделба на медицинските сестри и техничари според: политичката реторика и опција, поделбите од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумната поделба по национална или етничка припадност. Затоа што во нашата професија единствениот фактор кој го определува квалитетот е: професионализмот и емпатијата! Ништо повеќе и ништо помалку!

Ако според сите извештаи, анализи, препораки и параметри, на Македонија ѝ недостасуваат речиси 50% од сегашно ангажираните медицински сестри и техничари, тогаш и денешните и сите досегашни раскинувања на договори во најмала рака изгледаат несериозни, неетички и нехумани. Тие, како такви, треба да бидат поединечно образложени и поткрепени со факти!

Нашата работа и нашата професија се една од најважните алки во комплетниот здравствен систем на земјата и немарното или „намерното“ запоставување на нејзината вредност, неминовно ќе доведе до катастрофални последици во здравствениот систем, лош имиџ на земјата пред светот, но и најважно од се: намалување на вредноста на пациентите и значително поскапување на здравствената нега!

Делување на унијата: Борба за правата и достоинството на медицинските сестри

Стресот и одговорноста во нашата професија се постојани, а дополнителните стресови и долгогодишни нерешени и запоставени проблеми, какви што се: законски нерегулираната професија, условите за работа, неприфатените дипломи, слабата финансиска ревалоризација на трудот и така натаму, дополнително ја зголемуваат огорченоста и одливот на овој високо стручен кадар во западноевропските земји!

Затоа, апелираме и предупредуваме дека: конечно е време за неодложно, сериозно и системско решавање на императивните проблеми во професијата медицинска сестра и медицински техничар, во интерес на сите граѓани на земјата!

Нашите барања:

Итно вработување на лицата кои имаат повеќегодишни стажови во здравствените установи, затоа што тие веќе ја покажале и докажале својата неопходност за болниците и пациентите!

Да не се нарушува достоинството на нашата хумана професија со произволни и непоткрепени изговори и изјави од било кого!

Како Унија со најбројно членство на медицински сестри и техничари во земјава, бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа на кои се носат било какви одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари!

Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите! Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата!

Време е решавањата да бидат системски и систематски во интерес на СИТЕ!

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Македонија

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Read more

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе