Ова е формулата за веројатноста од зараза со коронавирусот

МИА/КАЈГАНА
/ 03.12.2020 / 10:36

Кои се шансите некој да добие коронавирус зависи од голем број варијабли… Од тоа колку време една личност е изложена на вирусот, колку време поминала со заразено лице, под кои услови, до она што правеле и слично.

Лекарите постојано посочуваат дека е потребно да се одржува растојание меѓу луѓето од најмалку метар и половина, да се носи маска, често да се проветруваат просториите, да се мијат рацете, да се дезинфицираат површините што најчесто се допираат… Но, со доаѓањето на постудените денови, ние минуваме сè повеќе време во затворени простории и тешко е да се процени дали некој кашла поради сув воздух, обична настинка или е тоа еден од симптомите на болеста Ковид-19. Затоа, математичарите од американскиот МИТ универзитет решија да се справат со проблемот на ширење на коронавирусот и осмислија комплексен математички модел за пресметување на веројатноста на зараза кај еден човек.

Бидејќи самата математичка формула е исклучително комплексна и сложена, МИТ одлучи да создаде и интернет-страница којашто пак, е (релативно) лесна за употреба и што може да им помогне на луѓето да пресметаат каква е нивната поедничечна можност за опасност од зараза.

На страницата за упатства, треба да пополните прашалник, односно да одговорите на низа прашања во врска со самата сомнителна просторија во која сте се нашле, условите во неа, бројот на луѓе во неа, како и што прават луѓето.

Истражувачите за потребите на страницата вклучиле само едно лице заразено со коронавирус, како репер при пресметките. Јасно е дека повеќе заразени ќе значат и поголеми шанси за ширење на вирусот.

Иако прашањата може да изгледаат невообичаени, затоа што од корисниците се бараат податоци како што се висината на таванот, видот на системот за климатизација и слично, вреди да се истрае и да се одговори на секое од нив, нагласуваат математичарите.

На пример, ако две лица седат во просторија од 20 квадратни метри, разговараат без заштитни маски, со затворени прозорци и без посебен систем за вентилација, ситуацијата ќе стане небезбедна по помалку од еден час. Во превод, еден час е доволен за човекот да се зарази во такви услови.

URL

Се разбира, треба да се напомене дека ова е само модел, симулација на развој на ситуацијата во совршени услови. И сите знаеме дека во реалниот живот не е баш така. Но, ако планирате семеен собир за празниците (се разбира – во согласност со сегашните епидемиолошки упатства), оваа алатка може да ви помогне да изберете точен број на луѓе што ќе ги поканите, големината на просторијата во којашто ќе престојувате и фреквенцијата на отворање на прозорецот и проветрувањето.

На крај, и нивните препораки гласат – носете заштитните маски и почитувајте ги здравствените мерки за заштита од зараза. 

URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе