Ова е најбруталниот скутер во светот

Скутерите со високи перформанси веќе не се невообичаени.

Модели со агрегати од 400, 500, 750 и уште повеќе кубни сантиметри нудат бројни брендови како Honda, Gilera, BMW или Yamaha... Сепак, има малку скутери толку брутални во секој детал како новиот Italjet Dragster 559 Twin, која беше прикажана во салонот во Милано.

Самиот дизајн сугерира за каков ѕвер се работи, бидејќи скутерот е долг вкупно 2102 mm, а карактерот на мотоцикл со високи перформанси го потврдуваат и техничките податоци. Dragster 559 е придвижуван од линиски двоцилиндричен мотор со водено ладење од 550 кубика кој развива 58 КС, а силата се пренесува преку 6-брзински мануелен менувач. Менувачот е нешто посебно и уникатно кај скутерите, бидејќи брзините се менуваат со нога, исто како на мотор.

Цврстата рамка е изработена од челични цевки со алуминиумски додатоци, а положбата на возачот може да се прилагоди во висина. Суспензијата е превртена вилушка напред и прилагодлива задна вилушка со единечен амортизер одзади, додека со застанувањето управуваат дискови со дијаметар од 270 mm напред и 220 mm назад. Стабилноста е обезбедена со екстремно растојание на тркалата од дури 1542 mm, а безбедноста е обезбедена од Brembo сопирачките и пневматиците Pirelli Diablo со високи перформанси. Со полн резервоар за гориво, кој има капацитет од 16 литри, вкупната маса на скутерот е помала од 200 кг.

Italjet ја чуваше цената на овој Dragster како змиски нозе, но тие тврдат дека - кога ќе се појави на пазарот на почетокот на следната година - ќе биде целосно конкурентен.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Авто новости

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Read more

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Read more

Како настана првиот пикап на Балканот?

Read more

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Read more
 

Автомобили

  • filter

Кинескиот одговор на Cybertruck оди во сериско производство

Читај повеќе

Renault 4 се враќа во 4х4 издание

Читај повеќе
  • filter

Ден на автомобилска извонредност: Porsche Центар Скопје домаќин на 911 заедницата

Читај повеќе
  • filter

Како настана првиот пикап на Балканот?

Читај повеќе

Камионите DAF добиваат соларни панели, наводно ќе трошат помалку гориво

Читај повеќе

Електричниот Volkswagen Golf GTI ќе биде „чудовиште“

Читај повеќе
  • play_arrow

Во друштво на суперспортските автомобили сега е и De Tomaso P72

Читај повеќе

Скок во продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Падна договор вреден 69 милиони евра меѓу Jeep и Јувентус

Читај повеќе