Компанијата Škoda го претстави новиот Enyaq Sportline iV 80x, новата моќна верзија на својот потполно електричен SUV.
Enyaq Sportline iV 80x го движат два електрични мотори кои испорачуваат 261 КС и 425 Nm максимален вртежен момент.
Позади се наоѓа моторот кој развива 201 КС и 310 Nm максимален вртежен момент. Има погон на сите 4 тркала.
Тука е и 82 kWh батерија која овозможува домет поголем од 500 км по WLTP циклусот. Брзината е ограничена на 160 км/час.