Доаѓа четвртата генерација на RS иконата

Ова е новиот Audi RS6 Avant

Аudi откри како ќе изгледа нивниот RS6 Avant од четвртата генерација.

Новиот Audi RS6 Avant има благо хибриден twin-turbo V8 мотор со 600 КС. Спортскиот караван е еден од шесте нови модели на Audi Sport кои ќе пристигнат годинава.

Овој RS модел има недвосмислено различен дизајн во однос на основниот A6 Avant. Со исклучок на предните врати, покривот и багажникот, сите други делови од каросеријата се специфични за овoj RS модел.

Каросеријата, која од секоја страна е проширена за околу 40 mm, со широко извлечени лакови над тркалата, ја истакнува спортската нота и препознатливиот карактер на овој Avant модел со високи перформанси.

Сјајната црна предна решетка е дизајнирана само за RS, а отворите за воздух вградени во предниот браник се обликувани како оние на R8.

Дизајнот на внатрешноста го карактеризираат детали од алуминиуми антрацит, кои го истакнуваат спортскиот карактер на возилото. На виртуелниот кокпит, специјални RS прикази пружаат информации за притисокот во гумите, моментот, моќноста, температурата на моторното масло, забрзувањето и G силата.

Воланот е обложен со перфорирана кожа, со рамен долен дел, со нови и поголеми алуминиумски RS копчиња за менување на брзинитеи повеќенаменски копчиња кои овозможуваат и промена на режимот на возење. Спортските седишта доаѓаат со втиснат RS логотип.

Новиот Audi RS6 Avant ќе биде достапен во 13 бои на каросеријата, вклучувајќи ги и RS специфичните бои Нардо сива и Себринг црна.

Бензинскиот мотор 4.0 TFSI развива 600 КС и максимален вртежен момент од 800 Nm, помеѓу 2.050 и 4.500 вртежи во минута. Од нула до стотка се забрзува за само 3,6 секунди, а потребни му се само 12 секунди да достигне брзина од 200 км/ч. Максималната брзина е ограничена на 250 км/ч, а со динамичниот пакет овој караван достигнува и 305 км/ч.

Благодарение на 48-волтниот електричен систем, V8 моторот моторот ги комбинира врвните перформанси со високата ефикасност, па во секојдневието е можна заштеда на 0,8 литри гориво на 100 киометри благодарение на него.

Новиот Audi RS6 Avant ќе се најде во продажба во европските земји до крајот на годинава.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе