Ова е новиот Bentley Continental GT Speed Convertible
Bentley го претстави новиот кабриолет Continental GT Seed.
Го движи 6,0-литарски W12 мотор кој развива 650 коњски сили и 900 Nm максимален вртежен момент. Погонот е на сите 4 тркала и е достапен со 8-степен менувач.
Од 0 до 100 км/ч забрзува за помалку од 4 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 335 км/час.
Неговите 22-инчни фелни се достапни во Dark Tint, светло сребрена и црна боја.
За отворање и затворање на кровот на кабриолетот се потребни само 19 секунди. Кровот е достапен во 7 бои.
Погледнете ја галеријата.