Ова е новиот Ford Tourneo Connect
Првите фотографии од новата генерација на практичниот модел на Ford – Тourneo Connect се појавија во јули, а веќе тогаш можеше да се види дека тој наликува на редизајнираната каросерија на познатиот модел на Volkswagen Caddy кој ја потврдува соработката меѓу овие две автомобилски компании.
Новиот Tourneo Connect во европските продажни салони ќе пристигне на почетокот на наредната година. Ќе се нуди во 10 бои на каросеријата и со три пакети на опрема(Sport, Titanium и Trend).
Во опција е и 1,5-литарски четирицилиндричен турбо бензин мотор кој развива 115 КС и дволитарски четирицилиндричен турбо дизел кој развива 102/122 КС.
Погледнете ја галеријата.