Ова е новиот Hummer со 1.000 електрични „коњи“

Скоро цела деценија откако беше запрено производството на претходната генерација, претставен е новиот GMC Hummer.

Познатиот теренец воскресна како електрично возило, со препознатлив, но модернизиран дизајн.

Карактеристичната предна маска на Hummer е стилизирана и доби LED светлосен потпис, додека силуетата на возилото наликува на претходникот.

Покривот е дизајниран така што неговите провидни панели можат да се отстранат и да се спакуваат во предниот простор за багаж.

Во тој случај, Hummer наликува на Jeep Gladiator, само без можност за спуштање на предното стакло.

Remote video URL

Бидејќи станува збор за класичен теренец, возилото е стандардно опремено со специјални 35-инчни Goodyear Wrangler All Territory MT гуми, а Hummer е во состојба да помине водена пречка со длабочина од 610 mm.

За оние на кои тоа не им е доволно, на располагање имаат и опција за пневматици од 37 инчи.

Внатрешноста на возилото ја краси едноставен, класичен дизајн со правоаголни елементи и модерни удобности, како што е дигитализирана инструмент-табла со дијагонала од 12,3 инчи и огромен екран на мултимедијалниот систем од 13,4 инчи.

Поголемиот дисплеј прикажува и слики од едната од дури 18 камери со кои е опремен новиот Хамер.

Клиентите исто така ќе имаат пристап до најновата верзија на системот за полуавтономно возење Super Cruise , што му овозможува на возачот да ги тргне рацете од воланот на над 320.000 километри компатибилни автопати низ САД и Канада за кои е дизајнирана оваа технологија.

Една од најзначајните иновации на Hummer за 2021 година е неговиот електричен погон.

Возилото го придвижуваат три електромотори со вкупна комбинирана моќност од 1.014 КС (746 kW), додека максималниот вртежен момент изнесува дури 15.592 Nm.

Благодарение на овие спецификации, Hummer може да забрза од 0-60 милји на час (0-96 км/ч) за околу 3 секунди!

Со полни батерии, возилото може да помине над 563 км пред да застане за полнење.

Hummer има капацитет за полнење од дури 350 kW, а производителот тврди дека возилото за 10 минути може да се наполни доволно за да помине дополнителни 160 км.

Меѓу другите карактеристики, вреди да се спомене и специјалниот систем за управување на сите тркала, наречен CrabWalk, кој им овозможува на предните и задните тркала да се вртат во иста страна, под ист агол и возилото да се поместува дијагонално при помали брзини, за полесно да се совладаат пречки на потешки терени.

Покрај тоа, Hummer е опремен со адаптивна воздушна суспензија, со која автомобилот може да се подигне до 150 мм доколку е потребно.

Remote video URL

Новиот GMC Hummer ќе се најде во продажба во 2021 година, со пакетот Edition 1, по цена од 112.595 долари.

Поевтините верзии со послаби погонски конфигурации ќе пристигнат подоцна.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе