Ова е новиот Range Rover
Пристигна новиот, најголемиот, најлуксузниот и најскапиот модел од понудата на Land Rover во петтото издание.
Едниот од најпознатите луксузни SUV модели на сите времиња е заснован на MLA платформата на Land Rover, луксузно опремената кабина ќе конфигурира со 4, 5 или 7 седишта.
Каросеријата ја красат „чисти“ линии без многу детали.
Купувачите во Европа ќе можат да бираат меѓу многу погонски опции кои вклучуваат турбо бензин, турбо дизел и две plug-in хибридни верзии. На врвот на понудата е 4,4-литарски бит турбо V8 мотор кој развива 525 коњски сили.
Првиот Range Rover до својот купувач ќе пристигне на почетокот на пролетта во 2022 година.