Ова е освежената Mazda CX-5
Mazda ја откри подобрената верзија на својот елегантен, простран и динамичен SUV CX-5.
Продажбата ќе почне следната година, а ќе бидат претставени многу новитети: унапредена динамика за возење, нов дизајн, нови пакети на опрема.
Освежениот модел доби 19-инчни фелни од легура, навлаки од антилоп со зелен конец и сребрени детали на предниот и задниот браник.
Во внатрешноста се наоѓа безжичниот Qi полнач сместен во централната конзола.
Погледнете ја галеријата.